fbpx

Тажен ден во Македонија: Почина Виолета Џолева, ќерка ѝ откри дека не сакала погреб

По кусо боледување, на 71-годишна возраст почина театарската и ТВ-режисерка Виолета Џолева.

Тажната вест ја објави нејзината ќерка. Таа на „Фејсбук“ откри дека Џолева не сакала погреб, но дека дополнително ќе се организира настан со кој ќе се слави нејзиниот живот.

Се огласија и од Драмски театар Скопје.

„Со длабоко жалење се простуваме од нашата драга долгогодишна соработничка, режисерката Виолета Џолева. Во Драмски тетар Скопје режираше повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018). Сочуство до семејството!“, напишаа нејзините колеги.

Фото: Драмски театар Скопје/Фејсбук

Џолева дипломира на Театарската академија во Белград во 1974. Беше член на Радиодрамата (1958–1969), режисерка во РТВ Скопје (1974–1976), режисерка во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободна уметничка (1992–1994), а од 1994 драматург и режисерка на МРТ.

Следни Објави

Животна промена до 10 јули за овие хороскопски знаци: Најдоброто допрва доаѓа!

Астролозите се едногласни Во нареднот период, припадниците на овие три хороскопски знаци ќе доживеаат вистинска промена. Се’ ќе им биде подредено, едноставно ќе блескаат. ДЕВИЦА Припадниците на овој хороскопски знак конечно ќе наидат на разбирање од партнерот и ќе почувствуваат хармонија во домот. Кај некои претставници можна е и возбудлива […]