fbpx

Пејачка почина среде концерт: Само се сруши на сцената, камерите снимија сè

Пејачка почина среде концерт откако се сопна од фустанот и со главата удри на подиумот.

Жртвата настапувала во локалниот пензионерски дом за 90-тиот роденден на еден од корисниците. Трагичниот настан се случил откако таа испеала две песни. Имаше само 31 година.

Пред трагедијата пејчката одела многу бавно, а потоа се сопнала од облеката и паднала, пренесува „Мирор“.

По падот, таа остана неподвижна на сцената. Неименуваната жена престанала да дише, а членовите на персоналот се обиделе да ја реанимираат пред шокираната публика.

Била пренесена во блиската болница во кинескиот град Чонгкинг, но и покрај максималните напори на лекарите, починала набргу по пристигнувањето.

Пејачката рекла дека не се чувствувала добро претходно тој ден. Обдукцијата треба да ја утврди причината за смртта.

Снимка од трагичниот настан објави порталот needtoknow.co.uk.

Следни Објави

Утре е Лазарова сабота: Секоја мајка треба да направи една важна работа

Утре е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, a точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест […]