fbpx

Дечко ѝ криел страшна тајна: Кога дознала ѝ се срушил светот, еден детаљ ја докусури

Девојка проговори за шокантното откритие до кое дошла откако раскинала со своето момче

Неколку дена по разидувањето со партнерот, девојка дознала дека нејзиното момче всушност бил во отворена врска и дека цело време додека биле заедно имал друга девојка.

Лаура Твифорд која поминала неколку месеци со него сега тврди дека сите негови пријатели и семејството биле свесни за статусот на неговата врска.

„Моето момче цело време беше во отворена врска и никогаш не ми кажа. Кога дознав, сфатив дека сите негови пријатели, семејството и девојката знаеле за тоа и го сокриле од мене“, изјави таа.

Лаура објасни што се случило и ја опиша нивната врска како „филмска љубов“.

Му раскинала бидејќи чувствувала дека тој нема време за неа, а неколку дена подоцна видела друга жена како флертува со него во коментарите на една негова објава на социјалните мрежи.

Таа го проверила профилот на девојката и дознала дека со сега веќе поранешното момче е во врска цели три години. Откако внимателно го разгледала нејзиниот профил, набрзо открила дека неговиот поранешен најдобр пријател, кој го сретнала неколку пати, всушност е брат на девојката.

Лаура ѝ испратила порака на жената за да ѝ каже дека нејзиното момче ја изневерил, а на крајот добила порака од нејзиниот поранешен во кој ѝ порачал дека е во отворена врска.

Со неверување и шок ја примила оваа информација. И други кои коментирале на социјалните мрежи го имаат истиот впечаток.

„Траума! И јас исто така излегував со момче чие семејство знаеше дека сум негова втора девојка и не ми кажаа ништо. После ова, навистина ја изгубив вербата во човештвото“, искоментира една девојка со скршено срце.

Следни Објави

Кинески астролози тврдат: Овие три знаци ќе се препородат во мај, парите ќе им се лепат

Кинески астролози велат дека мај ќе биде доста стабилен и без пресврти кога е во прашање судбината на повеќето хороскопски знаци. Сепак, овој месец ќе биде идеален за кроење планови за иднината, а кога се во прашање финансиите, за некои ќе биде особено поволен. Според кинескиот хороскоп, три знаци ќе […]