fbpx

Со години ја камшикувал и горел со цигари: Вака му се одмаздила!

Триесет и две годишна домаќинка од Велс, со години била и физички и психички малтретирана од нејзиниот девет години постар сопруг. Откако сфатила дека ако остане со него нема уште долго да му се радува на животот, таа детално испланирала како да се ослободи од насилникот. Сега, не само што тој не смее во наредните седум години да ѝ пријде, туку и ако се случи спротивното, ќе треба минимум пет години да помине зад решетки.

Во интервју за „Велс онлајн“, Сузи Гиденс раскажува дека на почетокот од нивната врска Тимоти Ленихан не покажувал никакви знаци дека има сериозно биполарно пореметување, како и дека е склон кон агресија.

„Ми требаше доста време да ја прифатам реалноста. Кога ќотекот стана секојдневие, кога во автомобилот намести апликација за да може да знае во секој момент каде се движам, дури тогаш сфатив дека морам да излезам од неговата пајажина ако не сакам еден ден и да ме убие“, раскажува таа.

Вели дека се вљубила во мирно и секогаш насмеано момче.

„Беше доста повлечен, но крајно позитивен и нежен кон мене. Сепак, во одредени моменти само ќе изгубеше контрола и ќе почнеше да ми се дере, но тогаш тие негови испади не делуваа страшно. Кога после година и пол во една прилика се обидов да го смирам, ми залепи шамар. Тогаш сфатив дека нешто навистина не е во ред“, открива Сузи.

Таа дополнува дека после секое агресивно однесување, Тимоти плачел и се казнувал, а во неколку наврати ѝ се заканил и со самоубиство ако го напушти.

Следувал уште потрауматичен период за неа, особено кога Тимоти почнал да пие.

„Почна да ме камшикува и да ме гори со цигари. Кога еднаш ѝ се пожалив на сестра ми и кога тој дозна за тоа, така добро ме натепа што почнав да го колнам денот кога го запознав. Почна да ми дише во врат, на социјалните мрежи отвараше лажни профили за наводно да види дали паѓам на провокации, а всушност тоа му беше „аргумент“ за да ме обвини дека го изневерувам“, објаснува Гиденс.

Пресвртот се случил кога дознала дека тој постојано ја следи и тоа не само преку уредот во автомобилот, но и кога сфатила дека секојдневно ѝ го прегледува мобилниот.

„Девет години ја трпев неговата монструозност, а последната година од нашиот заеднички живот почнав да го планирам своето бегство и како да му се осветам.

„На почетокот срамежливо им кажав на роднините за што се работи, но им нагласив да не се обидуваат да интервенираат оти ќе ме убие. Ги замолив само да бидат во близина на нашиот дом кога ќе ги контактирам, за да посведочат за насилството кога тоа подоцна би било потребно на суд. Потоа искористив еден момент на негова невнимателност додека спиеше и отидов во полиција. Беше толку тешко да го докажам злоставувањето. Единствено по модринките и по трагите од ременот можеа да сфатат дека сум малтретирана. Благодарение на сведоштвото на две пријателки кои не’ виделе во град додека тој викал по мене и неконтролирано ме буткал, некако успеав мојот случај да стигне до обвинителството“, вели Сузи.

Тимоти се бранел дека е болен, дека никогаш не се сеќавал на злоставувањата и дека во тие моменти бил „некој друг“. Особено интересен момент во целиот случај е што поради дијагнозата која одамна ја добил од психијатар, тој се извлекол од затвор и поминал само два месеца во психијатриска болница.

Фото: Велс онлајн/Фејсбук

Следни Објави

Смртта на првата љубов никогаш не ја преболе, го погреба синот, а потоа и сопругата

Пред три години, Џон Траволта остана без саканата сопруга, актерката Кели Престон. Неговата идеална половина со која беше во брак 29 години, ја загуби битката со карцином на дојка. Ова беше само една од трагедиите кои му се случија на славниот холивудски актер. Со првиот сериозен животен удар се соочил […]