fbpx

Шокантна порака! Нови детали за брутално убиената Анастасија

Мажот од Бангладеш (32), кој е осомничен за бруталното убиство на Анастасија Рубинска (27) на грчкиот остров Кос, е изведен пред истражен судија за да се изјасни за обвинението.

На почетокот на истрагата, осомничениот наводно признал дека ја силувал младата девојка од Полска, но сега тврди дека тоа никогаш не се случило и дека е обвинет без докази.

Во меѓувреме, мајката на брутално убиеното девојче испрати писмо до јавноста во кое го брани нејзиното момче кое ја пријавило за исчезнато.

Осомничениот во судот пристигна во придружба на адвокат, а јавноста првпат можеше да види како тој изгледа. Според адвокатот, осомничениот маж инсистира на својата невиност и тврди дека немал сексуални односи со убиената девојка.

Според новото сведочење, тој тврди дека откако ги виделе во супермаркет, со мотор заминал со неа кај него дома.

Анастасија наводно го замолила да оди во тоалет по што го замолила да си оди дома. Мажот од Бангладеш тврди дека потоа ја оставил во близина на главниот пат. Неговиот цимер, кој е по потекло од Пакистан, ја потврдил приказната.

Според судско-медицинскиот извештај, Анастасија починала од задушување. Нејзиното тело било пронајдено голо покриено со чаршаф.

Инспекторите се сомневаат дека Анастасија била силувана, па задавена и фрлена во ров.

Последните пораки на девојката и нејзиниот партнер сега се во фокусот на полицијата, а нејзиното исчезнување го пријавило токму нејзиното момче.

Истрагата сега е фокусирана на резултатите од хистолошките и токсиколошките анализи. Отпечатоците од прсти, ДНК, како и анализи од мобилни телефони треба да бидат клучни за расплетот на шокантниот случај.

Се огласи и мајката на убиената девојка. Таа е уверена дека осомничениот не е виновен за смртта на нејзиното чедо.

„Јас сум мајката на Анастасија и можам да докажам дека нејзиното момче нема никаква врска со смртта на мојата ќерка“, напиша Баталија во нејзиното соопштение до јавноста.

Рубинска пристигнала на островот Кос со својот полски партнер за да работи во хотел во областа Тигаки-Мармари во текот на летната сезона.

Следни Објави

Трагедија! Двегодишно дете си ја уби бремената мајка, деталите шокираат

Бремена 31-годишна жена почина откако била застрелана в грб од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата. Лаура Илг, која била во 34 недела од бременоста, се јавила на телефонската линија за итни случаи минатиот петок за да пријави дека нејзиното дете ја повредило откако се дофатил […]