fbpx

Мајката на настраданото момче со потресно сведоштво: Валентина открива детали за трагедијата

Во страшното невреме кое синоќа ја зафати Војводина, загина 12-годишното момче Ј.В. Неговата мајка, скршена од болка, за српски „Блиц“ сведочи дека постојано гледала кон вратата со надеж дека ќе се појави нејзиниот син.

„Нема утеха. Не можеме да веруваме дека нашиот син го нема. Не можеме да го прифатиме тоа. Имаме уште три деца и се грижам како ќе се справат со трагедијата. Сите сме се’ уште во шок, се’ е уште свежо, но се плашам што ќе се случи подоцна. Го нема нашето чедо и сега не знам што ќе правиме“, раскажува расплаканата мајка на несреќното момче.

Таа објаснува дека Ј.В. околу 18 часот отишол кај другар да си игра и дека останал таму за време на невремето. Кога преврнало пошол дома.

„На пат кон нашата куќа живее мојата родена сестра, неговата тетка. Веројатно сакал да види како поминала по невремето и да ми каже дека е добро бидејќи нема телефон. Како што ни рекоа подоцна, тој се приближил до зградата преку мала тревна површина и тропнал на прозорецот на неговата тетка кој се наоѓа во приземјето на зградата и наеднаш се слушнал крик“, вознемирено раскажува Валентина.

Соседите и нејзината сестра веднаш излегле надвор и затекнале страшна сцена. Детето не престанувало да се тресе.

„Не знаеле што да прават, бидејќи сфатиле дека се работи за струен удар. Не знаеле дали е гром или допрел жица. Сè се случило за неколку секунди затоа што еден од соседите бил доволно трезен да потрча по лопата со која го турнал за да не го отепа струја и него или некој друг ако го допре моето дете. Сфатиле дека нема пулс и дека не дише и веднаш почнале со реанимација додека не пристигнала брзата помош која продолжила да го оживува, но за жал не успеале. Сите останавме без зборови и на почетокот кога ни кажаа не можевме да поверуваме дека тоа е наше дете“, открива вознемирената мајка.

Следни Објави

Пред десет години ѝ го спасил животот: Девојче го прекина концертот на Ацо Пејовиќ (ВИДЕО)

Концерт на Ацо Пејовиќ во Босна за момент бил прекинат, а причината ги расплакала сите присутни. Алмира ненајавено се појавила на сцената за да му се заблагодари на познатиот пејач кој пред десет години ѝ го спасил животот донирајќи за нејзиното лекување. Пејовиќ не знаел што го чека кога водителот […]