fbpx

Боже, зошто баш она? Марио 8 месеци си пишувал со девојка, кога ја запознал му се срушил светот

Марио, наставник по физичко образование од Лонодн, преживеал тежок развод, срцето му било скршено и со месеци се опоравувал од љубовниот бродолом. Освен тоа, тој останал без покрив над главата и не можел да си ги види децата.

„Тешко се справив со разводот, почнав да се дрогирам, бев бездомник, девет месеци не можев да ги видам децата. Морав да се сменам. И токму тогаш, кога свртев нов лист, се појави Хана“, ја почнува Марио својата приказна за „Дејли мејл“.

Се нашле преку апликација за запознавање. Вели дека по осум месеци допишување се обидел лично да се сретне со Хана, но таа секогаш се откажувала во последен момент. Станувајќи малку сомнителна, тој стапил во контакт со екипата од популарното британско ТВ-шоу кое се занимава со „вакви случајности“ со надеж дека можеби ќе успеат да ја најдат.

Екипата на емисијата започнала истрага и на крајот откриле дека Хана всушност е Кортни, цимерката на Марио која е лудо вљубена во него.

Кортни за да го скрие вистинскиот идентитет, на Марио му испратила фотографии од непозната жена од Нов Зеланд. Дури и била контактирана, а таа немала поим дека некој ги користи нејзините фотографии.

„Тој ми е најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да видам како би било да се биде негова девојка, бидејќи очајно сум вљубена во него“, изјавила Кортни.

Марио бил шокиран кога дознал дека Хана всушност е Кортни. Изјавил дека немал поим оти ѝ се допаѓа, а не, пак, дека е лудо вљубена во него.

„Ја сакам Кортни како пријателка, таа е како член на моето семејство, но тоа е тоа. Не би отишол подалеку од тоа и знам само дека секој ден се прашувам „Боже, зошто таа“, рекол Марио.

И покрај „предавството“, Марио ѝ простил на Кортни и продолжиле да живеат заедно, но само како цимери.

Следни Објави

Овие пет работи носат несреќа во домот: Веднаш фрлете ги!

Постои верување дека одредени работи му носат несреќа на семејството ако истите се наоѓаат на погрешно место во домот. Ако сакате да се ослободите од негативната енергија, експертите по фенг-шуи советуваат веднаш да се ослободите од нив. 1. Огледало завртено кон креветот Се верува дека огледалото свртено кон креветот може […]