fbpx

Естрадата тагува, почина познатиот пејач: Сите му игравме на хитот, а никој не го знаеше ОВА!

Диџеј Каспер, креаторот на познатиот хит „Cha Cha Slide“, почина на 58-годишна возраст.

Во 2016 година му беше дијагностициран рак на бубрезите и на црниот дроб. Неговата сопруга Ким во вторникот за „ABC 7“ потврди дека тој ја загубил битката со опасната болест.

Диџеј Каспер, чие вистинско име беше Вили Пери Џуниор, роден е во Чикаго, а ќе остане познат токму по пишувањето на споменатиот хит и создавањето на придружниот танц.

Песната која на „јутјуб“ има 133 милиони прегледи е напишана пред повеќе од 20 години, а од локален хит стана глобално популарна нумера во 2001 година.

„Навистина не очекував „Cha Cha Slide“ да го постигне тоа“, изјави тој во една прилика.

Со музика почна да се занимава уште како тинејџер, а секогаш се претставуваше како „роден забавувач“. Тој го создаде познатиот хит во 1999 година како услуга на својот внук, кој сакаше песна за неговите часови по аеробик.

Луѓето слушнаа за песната и почна да се продава, а потоа само експлодираше и стана национален, а потоа и светски феномен.

Следни Објави

Брат и сестра-најсилна поддршка и поткрепа во животот

Од игнорирање и ривалство во детството до најјака поддршка и поткрепа во зрелите години-нивниот однос поминува низ различни фази Во детството најчесто се согласуваат како „куче и маче”, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Различна од сите други. Братот и сестрата се сакаат на најпосебен начин, дури […]