fbpx

Почина маестро Кире Костов: Неговиот најголем хит крие огромна тајна

На 73-годишна возраст, по кратко боледување, почина маестро Кире Костов.

Тажната вест ја објавија од Сојузот на композитори на Македонија.

Нашиот докажан композиторот и диригент е автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика, пак, има околу тристотини наслови како што се “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“ и секако легендарната „Тајно моја“ во изведба на Тоше Проески.

Токму оваа композиција македонската публика ја одбра за поп-хит на деценијата во рамките на проектот кој пред неколку години го иницираше Агенцијата за спорт и млади.

Како автор на музиката, Кире Костов кој во едно интервју откри дека Тоше Проески ја снимал цела ноќ во неколку верзии, но следниот ден ја избрале првата бидејќи била најубава.

Големиот хит за малку ќе била песна посветена на кучето на Проески. Тоше се договорил со Игор Џамбазов да му напише текст во кој ќе се пее за неговото милениче.

„Текстот беше нешто во стилот на Балашевиќ и навистина испадна одличен. Но, мелодијата воопшто не одговараше на стиховите и му кажав на Игор. И денес ме претставува како единствен човек што му одбил текст за песна“, раскажа маестро Костов.

Сите го прашувале што значи „Шушка молика“, особено странците. Во тоа време Тоше учел во Битола, а моликата расте само на Пелистер и затоа ја има во стиховите.

„Секој нека си ја доживува и понатаму на свој начин. Затоа и се вика „Тајно моја“. Ако ја откријам приказната, нема веќе да биде тоа што е“, порача подоцна текстописецот Огнен Неделковски.

Следни Објави

Естрадата се простува од познатиот пејач: Жена му загина бизарно, често се закануваше дека ќе се самоубие

Ренди Мајснер, басистот и основач на легендарниот бенд „Иглс“, почина на 78-годишна возраст, објавија од групата. Мајснер починал во средата во Лос Анџелес од компликации на хронична опструктивна белодробна болест. Поранешниот колега од бендот, Дон Фелдер, Мајснер го нарече „најубавиот човек во музичкиот бизнис“, а тој го формираше бендот со […]