fbpx

Скршен од болка: Џамбазов никогаш не бил потажен

Во својата последна објава на социјалните мрежи, Игор Џамбазов ги расплака фановите.

Легендарниот актер, музичар и шоумен сподели емотивна фотографија со неговите блиски пријатели од „Хавана бенд“, починатите Зеко и Пиже.

„Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли. И двајцата си заминаа на овој ден. И затоа денес друго нешто не ни почувствував.. само тага“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

Сите ги имам проколнато, само уште еден е жив: Потресно сведоштво на Џамбазов

Пред една година, токму на оваа тема Игор ја откри тажна вистина за која дотогаш молчеше.

„Загубив човек со кого одлично се познававме. Знаевме сè еден за друг. Затоа и лесно комунициравме. Сега првпат ќе го кажам ова: Пиже почина на 17 мај. Нашиот трет член на легендарниот „Хавана бенд“, популарниот газда Зеко, почина исто на 17 мај пред неколку години. Најдобрите другари го напуштија овој свет на ист датум? Неверојатно. И, затоа, од овој 17 мај секоја година ќе се собираме на разни места и ќе го оживуваме споменот за нив двајца“, раскажа Џамбазов во интервју за „Репортер“.

Следни Објави

Овие луѓе се магнет за пари: Три хороскопски знаци кои ќе се збогатат до крајот на животот

Без разлика на нивните постапки и животни одлуки, овие луѓе од Зодијакот ретко се сиромашни. Заработувањето секогаш им поаѓа од рака. Заљубени се во животот и многу се практични. Јарец Организирани мотиватори и одлични претприемачи. Припадниците на овие хороскопски знаци се одлични кога станува збор за почнување нови нешта што […]