fbpx

Сите ги имам проколнато, само уште еден е жив: Потресно сведоштво на Џамбазов

Ново потресно сведоштво на легендарниот актер, музичар и шоумен

Во своето последно интервју Игор Џамбазов отворено зборува за своите коцкарски долгови. Легендарниот актер и шоумен во гостувањето кај популарниот јутјубер Стефан Лазаров спомнува вкупна сума со камати од 50.000 евра која, како што вели, ја должел на три-четири места. Сето ова се случува во времето кога со месеци му се губи траг и ја пишува неговата автобиографија „Гол човек“.

„Сите ги имам проколнато. Некои дури сакаа да го малтретираат татко ми Џамбаз. Среќа, не се случи тоа. Само уште еден е жив, ама како да не е. Болен е од триста болести, мислам дека не може ни да се измо*а сам човекот.. Значи, кога ќе те стигне клетва од глумец-коцкар нема спас“, раскажува Џамбазов.

Во истиот подкаст тој сведочи и за постојаните малтретирања со кои се соочувал. Признава дека дури завршил и со пиштол в уста, но и дека еден од ретките луѓе кои му помогнале во тој период е сега веќе покојниот Горан Георгиевски-Мујо, поранешен командант на расформиранта Единица за брза интервенција „Лавови“.

„Беше човек за кого тврдеа дека е криминалец од нависока лига, ама не познавам криминалец на кој му дошле 10.000 луѓе на погреб. Мујо беше една посебна приказна, еден Робин Худ.. Сакаше да ги малтретира богатите и да им помогне на сиромашните.. Е, притоа и тој ќе заработи, но не ги сакаше ич тие што имаа многу пари, бидејќи го знаеше начинот како тие го направиле тоа, како заработиле..“, завршува Џамбазов.

Следни Објави

Охриѓани се простуваат: Ја загуби најважната животна битка

Нека почива во мир Почина Лулзим Демирали, охриѓанецот кој имаше огромна поддршка од македонската јавност во неговата најважна животна битка. На Демирали му беше дијагностициран редок и агресивен облик на рак на мозокот. Изминатиов период беа организирани бројни хуманитарни акции за да се обезбедат потребните средства за негово понатамошно лекување […]