fbpx

Прво обраќање откако раскина со Игор: Илина конечно се огласи

Пред шест месеци како гром од ведро небо стигна информацијата за нивната разделба

Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова беа една од најсимпатичните, но и најзоборуваните двојки на македонската јавна сцена, па кога открија дека далечината си го направила своето и дека повеќе не се заедно, многу нивни фанови навистина се разочараа.

Игор во неколку наврати зборуваше на оваа тема.

„За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажа Игор за „Слободен печат“.

Илина мудро молчеше се досега. Вчера Игор сподели еден свој цитат, а подоцна и таа го објави на нејзиниот профил со кратка посвета.

„Подобро е да тагувам по неа ама да знам дека е среќна, отоколу таа да тагува по нешто, а јас да сум среќен‘, е конкретниот цитат.

На ова „падна“ Илина која замина на докторски студии во САД, па ја сподели истата порака и напиша: „И вака и така ќе тагува..“

Следни Објави

Се удави 11-годишниот син на познатиот актер: Трагедија во Грција

Момчето кое денеска се удави на плажа на грчкиот остров Фурни е синот на познатиот актер Одисеј Стамулис, јавуваат тамошните медиуми. Единаесетгодишното дете кое е пронајдено мртво, настрадало во морето под засега неутврдени околности. Наводно се заплеткал во рибарски мрежи, но тоа не е официјално потврдено. Детето било облечено во […]