fbpx

Славната Хурем непрепознатлива: Актерката сега изгледа многу поинаку

Мерјем Узерли, турската актерка која се прослави како Хурем во хит-серијата „Величенствениот“, блесна на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан.

Таа се појави во светкав долг фустан припиен за телото и ги освои симпатиите на француските гости.

„Леле, едвај ја познав. Сега изгледа многу поинаку“, напиша една нејзината обожавателка на социјалната мрежа „Икс“.

Турската актерка со германско потекло, позната по бурниот љубовен живот, пред три години по вторпат стана мајка. Освен Лили Кои, ја има и осумгодишната Лара.

Од снимањето на „Величенствениот“ помина една деценија, а таа во серијата не се задржа долго поради „приватни психички проблеми“, напишаа тогаш турските медиуми.

Следни Објави

Цени како во Монако, а нудат шупи: Грција летово уште поскапа, еве на што се жалат граѓаните

И оваа година Грција стандардно е најактуелна дестинација за одмор на македонските граѓани, иако последните години има и други опции како преубавиот Кипар кој за мала разлика во цена може да понуди убаво и поразлично искуство. Доколку се одлучите за аранжман во сопствена режија, цените во Грција за храна, пијалоци, […]