fbpx

Роден е во Америка, студира право, Македонија му е во срцето: Кој е Омар Џафероски?

Среќата не му беше наколета на Омар Џафероски во последното издание на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и тој го напушти натпреварувањето.

Неговиот ментор Ѓорѓе Давид не го криеше разочарувањето од неговото елиминирање.

„Тешко ќе го преживеам губењето на Омар во натпреварувањето. Мислев дека тој е мојот сигурен финалист. Момче, продолжи, ти си одличен пејач“, напиша рокерот на социјалните мрежи.

Oмар е роден во Чикаго, САД, а живее во Скопје. Студент е на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Завршил нижо (основно) музичко школо во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пијано. Уште од најрана возраст учествува на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“, а беше награден и на меѓународниот арт-фестивал „Езерски Бисери“ во Струга.

Младиот пејач кој си посакува кариера како онаа на Тоше Проески веќе има богата музичка биографија. Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Посетувал часови во Академијата за естрадно пеење и има бројни настапи на домашни и меѓународни фестивали. 

Следни Објави

Автомобилот е уништен: Македонската пејачка доживеа тешка сообраќајка

Марија Тодоровска, македонската пејачка која публиката ја препознава под уметничкото име Марија Луиса, доживеа тешка сообраќајна несреќа. Автомобилот е уништен, барем според фотографиите што самата ги објави на социјалните мрежи. „Штом ова го преживеавме, ќе преживееме се’ во животот, сестричке“, напиша таа на „Инстаграм“ означувајќи ја на „сторито“ нејзината блиска […]