fbpx

Ѓорѓе Давид поминува низ пекол: „Не може да спие, постојано го слуша ОВА..“

Рок-музичарот и член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, по што една жена го загуби животот.

Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека жената загинала во сообраќајна несреќа кај граничниот премин Табановце. Според нив, таа била прегазена откако излегла од автомобилот.

На Ѓорѓе Давид веднаш му биле направени тестови на крвта и било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати. Во овој верижен судир учествувале три автомобили.

Според извор близок до пејачот, тој тешко може да ја поднесе оваа ситуација. Од несреќата тој наводно не може да спие и му е потребна помош од психијатар.

„Ѓорѓе не е добро! Иако физички е речиси целосно закрепнат, психички воопшто не е. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќата. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба разговор“, вели доброупатен извор.

Рокерот моментално не може да ја напушти земјата и му се одземени документите, што дополнително влијае на неговата психа.

Ѓорѓе Давид по несреќата откри дека е полесно повреден и дека поминал со блага скршеница.

„Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, призна рокерот по несреќата откривајќи во каква состојба е.

Следни Објави

Прва објава на Ѓорѓе откако смртно прегази жена: Емотивно ѝ се обрати на оваа македонска пејачка

Низ исклучително тежок период минува рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, откако минатиот викенд имаше сообраќајна несреќа во Македонија, налета на жена која се движеше по автопат и ја усмрти. Сега тој за прв пат се огласи на социјалните мрежи и сподели порака што му […]