fbpx

Ѓорѓе Давид е снимен блед и исцрпен: По трагедијата се откажа од ОВА

Рокерот Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако неодамна имаше сообраќајна несреќа во Македонија.

Популарниот музичар налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Кумановката (49) го загуби животот, додека три други лица се здобија со повреди.

Српските медиуми пишуваат дека членот на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ конечно пристигнал во Белград и дека успеале да го фотографираат во близина на неговиот стан, а подоцна и во еден трговски центар.

Наводно, рокерот бил сам, блед и исцрпен. Кон градот се упатил со такси, па папараците заклучиле дека по сообраќајната несреќа рокерот повеќе не вози автомобил.

Пред четири дена Ѓорѓе Давид им се обрати на медиумите кои, како што кажа, животот му го направиле пекол.

„Јас ги замолувам медиумите во Македонија и Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината. Јас не сум добил документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во кумановското обвинителство. Секој наслов кој ќе го објавите овде ми прави проблем и создава омраза на луѓето од обвинителството спрема мене, бидејќи мислат дека тие информации јас ви ги давам. Ми правите пекол од животот. Немојте да бидете итри, земете лексилиум, напијте се пиво, заспијте. Кога ќе ги земам документите, кога ќе прејдам граница, прв ќе јавам за тоа“, кажа Ѓорѓе Давид во своето видео обраќање.

Според последните информации, се’ уште не е готово ниту вештачењето кое треба да утврди дали кај рокерот има вина.

Следни Објави

Васил конечно проговори за сопругот Џејсон: Еве со што го освоил!

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој пред неполни две години се сврши во Америка, во неговото најново интервју вели дека во животот ништо не е случајно и дека човек треба да внимава што си посакува. Кога заминал во Америка да сними албум, најмалку што очекувал е дека ќе ја сретне љубовта […]