Познатиот македонски пејач, автор и продуцент Александар Митевски е татко на две ќерки.
Помладата Мања пред неколку дена славеше матура, а гордиот татко го овековечи среќниот момент со интересна посвета.
„Среќна матура на мојата убавица Мања“, напиша тој под фотографијата.
Митевски сподели уште слика на која позираат со неговиот верен пријател и соработник, актерот Драган Спасов Дац.
„Мања, помалата ќерка на Александар вечерва слави матура. Да ја следи среќа во животот“, пишува под неа на фејсбук фан-страната на Александар и Дац.