fbpx

Ги надмина здравствените проблеми, а сега изненади со изгледот: Голема промена кај македонската пејачка

Таа е една од нашите најквалитетни интерпретаторки, дама со бројни евергрини, пејачка која остава без здив секогаш кога ги изведува легендарните рефрени „Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“..

Изминатиов период ѝ беше исклучително тежок. Во август 2022 година почина мајка ѝ, легендарната Невена Кочовска, која подолго време боледуваше од Алцхајмер.

Лидија Кочовска која со години е вработена во хорот на Македонската опера и балет, се’ помалку ја има на јавната сцена, но често пее на приватни прослави на кои, како што и самата кажа во една прилика, се чувствува ценето.

Паузата од естрадата очигледно ѝ годеше, откако пред извесен период проговори и за здравствените проблеми со кои што се соочувала.

„Имав здравствени проблеми, но по сите испитувања овие три години, се потврди дека стресот е главен причинител за речиси сите болести кај многу луѓе, а таква беше ситуацијата и кај мене. Фала му на Бога, откако се потврди вистинската дијагноза, со соодветна терапија, сега се чувствувам многу подобро“, призна Кочовска пред неколку години во интервју за „Женски магазин“.

Лидија не е многу активна на социјалните мрежи, а кога ќе објави некое селфи сите го коментираат нејзиниот младешки изглед и дека за разлика од повеќето нејзини колешки, одлучила достоинствено да старее.

Пејачката која во јули ќе наполни 49 години сега има нова фризура, а за промената дознавме од нејзината блиска пријателка и колешка Маја Гроздановска Панчева.

Таа на „Фејсбук“ објави неколку фотографии со Лидија.

Промената за која Кочовска се одлучи пријатно ги изненади нејзините фанови.

Следни Објави

Тоа што сме разделени е тешко: Мими Јовановска проговори за мајка си

Македонска пејачка Мими Јовановска која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ неодамна ја објави нумерата „Мајка“ инспирирана од нејзината лична животна приказна. Автор на песната е нејзиниот сопруг, музичарот Филип Нунески Нуне, кој дели слична судбина. И таа и Нуне растеле далеку од своите мајки. „Јас и брат ми […]