fbpx

Маја е најфаталната македонска баба: Си дочека внуче на 45 години, никогаш не изгледала подобро

Поранешната македонска водителка Маја Поцевска важи за една од најнегуваните жени кај нас.

Таа веќе подолго време не е на јавната сцена, но се’ уште има фанови.

Моментално е вработена како ПР во Државна лотарија.

„Работев како водителка 17 години. Почнав во МТВ, потоа на „Сител“, „Канал 5“, и последниот мој проект на „Алфа“ кој ми беше интересен предизвик.  Емисијата која ја водев беше теренска, одев на многу настани низ поранешна Југославија и ги интервјуирав балканските ѕвезди. Бев македонски претставник на фестивалот „Сунчане скале“ неколку години.

Во еден период, имав понуда да работам во Белград, но решивме со ќерка ми Јана да останеме тука. Во тоа време, таа беше во најчувствителните тинејџерски години, и сметам дека донесовме правилна одлука“, раскажа Поцевска во една пригода.

Маја сега гостуваше во шоуто на Снеже Велков каде проговори какво е чувството да се стане баба на 45 години.

„Внуката Мина има година и пол. Големо е задоволството да добиеш внуче, тоа е некое посебно чувство. Во моето семејство, генерациски, сите млади стануваат мајки и млади стануваат баби. Мојата баба дочека да биде чукун баба, значи од правнуката да дочека бебе“, откри Поцевска за која внуката Мина е сега цел нејзин свет.

Следни Објави

Знам дека би била горда: Две недели по смртта на сопругата, пејачот на „Меморија“ ќе запее во Штип

По само две недели откако почина неговата сопруга Вики, пејачот на „Меморија“ е подготвен да застане на сцена и професионално да го одработи закажниот концерт на легендарниот македонски бенд на први јуни во Домот на млади во Штип. Иако минува низ најтешкиот животен период, по смртта на сопругата која десет […]