fbpx

Македонската водителка скршена: Пријателите ѝ изразуваат сочуство, трогателни зборови за татка си

Поранешната македонска водителка Маја Поцевска сподели тажна вест на социјалните мрежи.

Таа со трогателни зборови се прости од својот татко.

„Татичко мој, почивај во мир, иако не сум свесна дека си замина. Верувам дека ќе одиш на некое поубаво место, но во моето срце засекогаш ќе останеш и ќе ми недостасуваш бескрајно зошто нема зборови со кои ќе го објаснам твоето значење во мојот живот“, напиша таа на својот профил на „Инстаграм“.

Поцевска која важи за една од најнегуваните жени кај нас, веќе подолго време не е на јавната сцена, но се’ уште има армија фанови.

Таа моментално е вработена како ПР во Државна лотарија.

„Работев како водителка 17 години. Почнав во МТВ, потоа на „Сител“, „Канал 5“, и последниот мој проект на „Алфа“ кој ми беше интересен предизвик.  Емисијата која ја водев беше теренска, одев на многу настани низ поранешна Југославија и ги интервјуирав балканските ѕвезди. Бев македонски претставник на фестивалот „Сунчане скале“ неколку години. Во еден период, имав понуда да раборам во Белград, но решивме со ќерка ми Јана да останеме тука. Во тоа време, таа беше во најчувствителните тинејџерски години, и сметам дека донесовме правилна одлука“, раскажа Поцевска во една пригода.

Поцевска минатата година стана баба. Внуката Мина сега е целиот нејзин свет.

Следни Објави

Пејачката почина на 55 години: Болеста беше посилна, сопругот со потресна објава

Почина австралиската оперска и кабаре пејачка Жаклин Дарк. Наградуваната 55-годишна уметница која беше позната и по нејзината исклучителна хуманитарна работа се упокои во болница во Сиднеј во вторникот вечерта, објави „Еј Би Си“. Ѝ беше дијагностицирана ретка форма на рак и храбро се бореше до последен здив, напиша нејзиниот сопруг […]