fbpx

Во СФРЈ сите се вртеа по неа, криеше дека е болна: Замина тивко, остави проштално писмо

Иако ќе остане запаметена како една од најталентираните глумици на овие простори, дури од третпат успеала да го положи примениот испит на Академијата за драмски уметности.

Реномираната актерка Станислава Пешиќ е родена во Белград за време на војната, на 7 јуни 1941 година. По завршувањето на студиите, веднаш била ангажирана во Народниот тетатар, а на филмското платно дебитирала 1961 година. За улогата во воената драма „Песма“ на Радош Новаковиќ била наградена на фестивалот во Пула.

Огромна популарност стекнала со улогата на Олга Петровиќ во култната телевизиска серија „Позориште у кучи“. Следувале бројни главни и епизодни улоги, а на ТВ Београд работела и како водителка на програма за деца.

Во 1992 година, на Станислава ѝ е дијагностициран рак. Својата последна улога во драмата „Дуго путовање у ноч“ храбро ја одиграла во време кога била сериозно болна.

Последните години од животот и својата исклучително тешка битка со болеста ги преточила во дневник кој подоцна е објавен во книгата „Деветнаест друштвених игара“ неколку месеци пред нејзината смрт. Во ова дело ги опиша сите стравови и надежи, но го објави и потресното писмо кое во најтешките мигови им го пратила на синовите.

Нејзиниот син Иван пет години беше во брак со актерката Вања Ејдус со која има и ќерка.

Легендарната Пешиќ си замина тивко. Криеше дека е болна се’ до објавувањето на мемоарите. Почина во Белград на 20 ноември 1997 година.

Следни Објави

Ѝ дал 2.300 евра за нокти, но со бизарно барање: Сега заработува многу, ќе се изненадите како

Мина, 23-годишна девојка од Австралија, сериозно профитирала само од еден педикир. Оваа девојка многу лесно заработила 2.300 евра, а потоа решила занаетот да го претвори во сериозен бизнис и да заработи многу пари. Како што открива, една вечер решила да заработи со учество на боксерски меч, каде запознала маж кој […]