fbpx

Порасна без родители, болеста го сруши: Ѕвездата од „Жикина династија“ живееше тажно

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна приказна.

Роден е на 13 јуни 1933 година во Крагујевац. Рано останал без родители. Мајка му Новка починала од туберкулоза, а татко му Јован, инаку офицер на српската војска, бил стрелан.

Во Крагујевац завршил средно школо за преработка на месо, овошје и зеленчук, а една година подоцна почнал со работа во фабрика. Актерството доаѓа малку подоцна во неговиот живот.

Има една анегдота која и денеска се раскажува. Наводно, колегите од Крагујевскиот народен театар собирале пари за да му купат костум и карта за Белград кадешто полагал приемен испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Веднаш бил примен и тоа во класата на професорот Рашо Плаовиќ. Професорот знаел дека Гидра нема каде да спие, па ги замолил хигиеничарките да средат една од помошните соби. 

Набрзо почна да добива улоги, а на Академијата Гидра ја запознал и својата идна сопруга, Љиљана Контиќ, актерка која била две години постара од него. 1966 година се венчале, а 1970 година ја добиле ќерката Јелена. Љиљана и Гидра два пати се разведувале и пак се помирувале бидејќи не можеле еден без друг. 

Никола Којо во едно интервју изјави дека во 1986 година Гидра го посетил додека тој бил војник во Рашка. Седнале во кафеана, јаделе и Гидра му дал пари. Му рекол дека дошол поради обврски, но тоа не било точно. Дошол само поради него.

Сакал да оди во кафеана и бил голем боем кој секаде бил пречекуван со насмевки. Исто така изјавил дека Гидра бил уапсен бидејќи кажувал вицови за Тито. Кога дошле да го посетат го нашле како ги забавува полицајците со истите вицови. 

Се разболел од рак на црниот дроб и цел месец се лекувал на Воено медицинската академија во Белград. Почина на 11 ноември 1993 година. Погребан е во алеата на великаните во Белград.  

Следни Објави

Ме нападна свекрвата, па дедото тресна со бастунот: Еве како ме утеши

Жена од Параќин која во куќата живее со сопругот и со неговите родители сподели искуство кое ја потресе јавноста. Нејзината животна приказна вознемири многумина, а само една личност покажала разбирање за нејзините проблеми. Вели дека многу ѝ е тешко. Свесна е дека многу брачни партнери живеат под ист покрив со […]