По кратко боледување почина Ратка Радмановиќ, доајен на македонското глумиште.
Нашата театарска, филмска и телевизиска актерка има остварено низа впечатливи улоги на сцените на театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово, а најголемиот дел од кариерата работеше во Битолскиот театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.
Радмановиќ оствари десетина улоги на филм и ќе остане запаметена како заштитно лице во речиси сите филмови на Милчо Манчевски, како и во филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“, потоа во „Панкот не е мртов”, „Големата вода“, „До Балчак“..
Играше и во филмот на Емир Кустурица, каде заедно со актерот Петар Мирчевски беа избрани од режисерот и без кастинг. Во „На млечниот пат“ играше заедно со Моника Белучи.