fbpx

Го победи ракот, а сега ќе стане мајка: Со емотивно видео Александра откри дека е бремена

Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки, сподели радосна вест на социјалните мрежи.

Таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го очекуваат нивното прво дете, а тоа го открија со романтично видео.

Двајцата облечени во бело позираат покрај фотографиите од ултразвук на бебето што го очекуваат.

„Некогаш далечен и недостижен сон, денес реалност“, напиша таа на „Инстаграм“, алудирајќи на болеста која ја победи.

На Шијакоска пред две години ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот и имаше неколку операции.

„Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував“, сподели таа тогаш на својот профил.

Следни Објави

Најголемата животна лекција е оваа на Ричард Гир

Вечниот холивудски заводник, актерот Ричард Гир, е многу едноставен и скромен, баш како и оваа животна лекција која во една прилика ја сподели со фановите. Во продолжение прочитајте ја неговата голема мудрост која ви ја пренесуваме во целост. Мајката на мој близок пријател постојано имаше здрава храна на менито. Никогаш […]