fbpx

По операцијата на тумор на мозокот, се омажи нашата најпозната блогерка (ФОТО)

Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки, склучи граѓански брак со долгогодишниот партнер Едмонд Весели.

Двојката одлучи венчавката да биде на денот кога младоженецот слави роденден, а првите фотографии и видеа од настанот на социјалните мрежи ги сподели инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева.

Шијакоска вели дека не правеле свадба, туку мала прослава со пријателите.

„Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф.  Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, напиша Шијакоска.

Очекувано за една модна блогерка, Александра за време на забавата смени повеќе креации, а како изгледаше погледнете во продолжение!

Следни Објави

Еден донор утрово спаси четири животи: Историски момент за македонското здравство

Еден донор утрово спаси четири животи, соопштија од министерството за здравство За првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна […]