fbpx

Прва изјава на Андријана по освоеното трето место: На обожавателите им вети нешто убаво

Андријана Петрушовска, 24-годишната македонска пејачка која го освои третото место во синоќешното финале на „Ѕвездите на Гранд“, дефинитивно е родена за на сцена.

Единствената натпреварувачка во шоуто која дури двапати стигнала до големото финале покажа дека е мајстор за сценска изведба, а со својот вокал ведаш ги освои симпатиите во целиот регион.

Откако по вторпат не успеа да триумфира, таа се огласи на социјалните мрежи порачувајќи им на своите обожаватели дека е неизмерно среќна и благодарна што ги има.

„Количината на позитивна енергија и љубов која ми ја дававте изминатиот период е нешто што ми значи најмногу. Резултатот е неверојатен и е мотив да ве радувам со нови и убави проекти“, напиша таа на „Инстаграм“.

Инаку, младата пејачка е фокусирана на кариерата и ретко зборува за приватниот живот. Позади себе има една раскината свршувачка, а на прашањето дали и понатаму верува во љубовта, таа дипломатски одговара дека верува во се’ што ја прави среќна.

И пред две години даде сличен одговор.

„За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам“, порача таа.

Во истото интервју кажа дека еден маж може да ја освои со тоа ќе ја сака и почитува како жена на правилен и здрав начин и кој ќе знае да ја разбере нејзината професија.

Следни Објави

Прв танц на зајдисонце, мед и сладолед за гостите: Се омажи македонската инфлуенсерка

Се омажи Софија Јанева, 30-годишната македонска инфлуенсерка која на „Инстаграм“ ја следат преку 33.000 луѓе. Познатата блогерка која се прослави по своите патувања вчера се заколна на вечна љубов во црква, а потоа со нејзиниот избраник направија веселба за паметење под отворено небо. Веќе се објавени и првите фотографии на […]