fbpx

Дали да продолжам да се гледам со татко на пет деца? И јас имам три свои, сешто ме советуваат

Една жена предизвика вистински хаос на социјалните мрежи кога праша дали нејзиниот избраник е „забрането овошје“ или не, затоа што има пет деца со три различни жени

Разведена мајка на три деца почнала да излегува со разведен маж кој има пет деца од различни бракови и не е сигурна дали тој е вистинскиот избор за неа.

Тврди дека штотуку почнала да излегува со него. Иако не ѝ пречи неговото минато, таа, сепак, не е сигурна во што се впушта, а нејзините пријатели ѝ порачале да не навлегува во таква врска.

Оваа анонимна жена вели дека неговото најмало дете има една година, а најстарото 16, но и дека би се чувствувала лицемерно доколку го остави, со оглед на фактот што и таа има три деца со поранешниот сопруг.

Таа мисли дека неговиот однос со сите три мајки на неговите деца е „пријателски“ и дека тој се грижи за сите пет секој втор викенд и плаќа алиментација. Сепак, не е сигурна дали треба да продолжи да се гледа со него бидејќи се прашува дали има нешто „чудно“ што ѝ промакнало, ако се земе в предвид дека овој маж позади себе има три неуспешни врски.

Оваа мајка на порталот „Мамс“ одлучи да ја праша јавноста што мисли за сето ова. „Дали би продолжиле да разговарате со маж што сте го запознале (лично) ако ви каже дека има пет деца со три жени?“, прашува таа.

Другите мајки побрзаа да ги споделат своите размислувања, па една искоментира: „Со три бивши да се справите?! Нема шанси“. Друга дополни: „Не гледам иднина во една таква врска. Тоа е премногу, напорен распоред за жонглирање. Како маќеа, доволно ми е тешко да се справам само со една бивша“.

Сепак, има и такви што ја поддржаа. „Најубавиот маж со кој сум се забавувал имал три деца со две различни мајки, слични на возраст како што велиш, а најмалиот син имаше само две, додека најстариот 15 години. И со двете жени имал проблеми, едната била алкохоличарка, а другата страдала од пореметување во исхраната. Тој беше со децата цело време, прекрасен вистински господин и вреден работник, едноставно беше многу несреќен“, раскажа една жена.

*Насловната фотографија е илустрација

Следни Објави

Долго чувана тајна: Јованка Јакимоска од „Никогаш не е доцна“ проговори за животот и за љубовта

Жирито, но и публиката во студиото едногласно порачаа дека во актуелната сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“ нашата Јованка Јакимоска била најпозитивната натпреварувачка и дека е жена која едноставно одушевува со својата енергија. Македонската пејачка неодамна за „Гранд“ откри дека нејзината тајна е во молитвата и медитацијата кои редовно […]