fbpx

Двајца од пејачите обвинети, нема да ги гледаме во финалето: Пресврт во „Никогаш не е доцна“

Официјално обраќање до јавноста од продукцијата на емисијата „Никогаш не е доцна“

Двајца полуфиналисти на шоуто „Никогаш не е доцна“ се дисквалификувани од понатамошното натпреварување, а причината е измама во гласањето.

Официјалното соопштение на Жика Јакшиќ во име на продукцијата порталот „Гранд онлајн“ го пренесе во целост.

Долго чувана тајна: Јованка од „Никогаш не е доцна“ проговори за животот и за љубовта

„Почитувана публико, анализата на полуфиналното гласање на „Фејсбук“ откри дека двајца кандидати користеле хакерски услуги за вештачки да генерираат гласови со употреба на нелегални VPN услуги. На наше барање, анализата на гласовите ја направи швајцарската компанија NTH Media, која од платформата на „Фејсбук“ доби детален извештај за секое пристигнато гласање со детален опис на времето, земјата, провајдерот и IP адресата од која пристигнало. Со дисквалификување на тие гласови добивме нов победник на гласовите кој редовно освојуваше најголем број гласови, а тоа е Милош Радиќ Шеш, кому од се’ срце му честитам за заслужениот влез во финалето“.

Следни Објави

Огромна тага! Голманот на Црна Гора почина на 26 години

На 26-годишна возраст почина Матија Шаркиќ, голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора. Тажната вест ја потврдија и од неговиот матичен клуб, англискиот второлигаш Милвол, на кој му се придружи минатото лето. На Шаркиќ му се слошило во станот во Будва во кој престојувал, по што следела смрт. Неговите пријатели […]

Можеби ќе ве интересира