fbpx

Никогаш не е доцна, Господ на сите ни помага: Нашата Јованка има големо минато

„Како да си пораснала на оваа сцена, ме радува што си волку самоуверена. Ова беше одлично“, ѝ порача Дејан Матиќ на македонската кандидатка која ги освои симпатиите во регионалното шоу за таленти „Никад није касно“.

За Јованка само пофални зборови има и нашата Тијана Дапчевиќ која пушти солзи по нејзината емотивна изведба.

„Многу ти благодарам, ме расплака“, ѝ порача Тијана.

Јованка Јакимоска Митревска на крајот од месецов ќе наполни 47 години. Дипломирала на Економскиот факултет, а веќе две децении живее во Скопје.

Иако музиката е нејзиниот живот, во „Никад није касно“ не се пријавила самоиницијативно, туку на убедување на бројните гости од нејзините настапи кои сведочат за нејзиниот талент.

Таа денес е разведена и мајка на едно дете.

„Имам една ќерка. Нема да се фалам, но ќе кажам дека во последно време работам на себе, да ги отстранам моите маани и да бидам подобра личност во секој поглед. Никогаш не е доцна за ништо во животот, само ако човек одлучи, потоа патот лесно се отвора. Господ на сите ни помага“, изјави Јованка за српските медиуми.

Фото: Ф.Павловиќ/Промо Никад није касно

Следни Објави

Тешки животни моменти! Маја Оџаклиевска едвај говори: „Сè поблиску сум до црната земја“

Маја Оџаклиевска сè уште е многу популарна, иако во еден момент речиси преку ноќ се повлече од јавната сцена. Популарната македонска пејачка со српска адреса на живеење се пресели во мала куќа која се наоѓа во природа и таму одлучи сета своја љубов и сите убави моменти да ги сподели […]