fbpx

Конечно се огласи Кејт Мидлтон: Принцезата проговори за ракот, се надева на најдоброто

Принцезата од Велс сподели како се чувствува откако објави дека боледува од рак на почетокот на годинава

Кејт Мидлтон преку писмо кое синоќа беше објавено на социјалните мрежи проговори за своето здравје. Таа напиша: „Ме трогнаа сите убави пораки за поддршка што ги добив во изминатите неколку месеци“.

Таа потврди дека ќе присуствува на церемонијата „Trooping the Color“ овој викенд.

„Со нетрпение очекувам да присуствувам на роденденската парада на кралот овој викенд со моето семејство и се надевам дека ќе се приклучам на неколку јавни ангажмани во текот на летото.. Добро напредувам, но како што знае секој што поминува низ хемотерапија, има добри и лоши денови“, напиша, меѓу другото, таа.

Открива дека во „тие лоши денови“ се чувствувате слабо, уморно и мора да го одмара телото.

„Моето лекување е во тек и ќе трае уште неколку месеци. Во деновите кога се чувствувам доволно добро, задоволство е да се вклучам во училишниот живот, да трошам лично време на работите што ми даваат енергија и позитивност, како и да почнам да работам малку од дома. Учам како да бидам трпелива, особено со несигурноста. Земајќи го секој ден како што доаѓа, го слушам моето тело и си дозволувам да го одвојам толку потребното време за заздравување. Ви благодарам многу за вашето континуирано разбирање и на сите вас кои толку храбро ги споделивте вашите приказни со мене“, ѝ порача таа на јавноста.

Следни Објави

Среде битка со ракот, се врати во голем стил: Прво појавување на Кејт Мидлтон по дијагнозата

Со учество на годишната парада „Поздрав на боите“, со што се одбележува роденденот на кралот Чарлс, Кејт Мидлтон денеска првпат се појави на јавен настан, речиси по половина година откако ѝ беше дијагностициран рак. Принцезата од Велс блесна пред камерите облечена во бел фустан со црни детали. „Стајлингот го комплетираше […]