fbpx

Сите ми се смеат, две години не сум јадел месо: ВИДЕО со расплакано момче кое собира ѓубре ги разнежни сите

Снимка со момче кое собира ѓубре за да го прехрани своето семејство го обиколи светот и трогна многумина.

На една страница на „Инстаграм“ која се занимава со хуманитарна работа и им помага на најранливите луѓе од Блискиот Исток, „Spotlight Humanity“, се појави видео од тинејџерот Кусај кое брои милиони прегледи.

Информациите за тоа кој и од каде е младиот Кусај, кој секојдневно ја врши најтешката физичка работа за да му помогне на семејството, не се познати, а како што низ солзи раскажува, поради работата што ја врши секојдневно се соочува со малтретирање.

„Ми велат дека си ѓубреџија. Сите ме исмејуваат“, низ солзи вели ова момче.

Нема пријатели, а на прашањето кога последен пат пробал пилешко, вели дека сигурно било пред две години.

„Јадам леќа, а понекогаш и ориз, одамна не сум пробал пилешко, пред две години. Не поканија во една куќа и ни дадоа пилешко“, низ солзи раскажува детето.

Ова видео се појави и на регионалните страници и постојано се нижат коментари.

„Ти си чесно момче и нека не ти е гајле што ќе кажат другите. Господ гледа се’, кога тогаш и ти ќе бидеш подобар во животот, ти посакувам се’ најдобро“, „Можеби собираш ѓубре, но твоите раце и душа се чисти“, „Вака ли ги воспитуваме нашите деца да се потсмеваат на другите, а другите да ги потценуваат затоа што немаат што да јадат и што треба да направат за да изедат парче леб денес“, „Господ да ве заштити..“, се само дел од коментарите и убавите зборови упатени до ова несреќно момче.

Следни Објави

Се помоли пред моштите на Св. Василиј ОСТРОШКИ: Лила со емотивен статус

Лила Филиповска пред неколку месеци ја симна периката и во ексклузивно интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка. Јавноста беше воодушевена од нејзината храбра битка, а познатата водителка и инфлуенсерка продолжи да ги охрабрува сите девојки и жени кои се соочуваат со истата мака. […]