fbpx

Таа имаше повеќе неостварени желби, а јас само една: Џамбазов никогаш поискрен за разделбата со Илина

Игор Џамбазов имаше уште едно впечатливо гостување во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров, овојпат во специјалното издание кое се емитуваше од Дојран.

Легендарниот актер и шоумен повторно зборуваше и за разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова.

„Па, бев многу тажен, искрено бев изгубен. Не излегував од дома, не сакав ни во Дојран да доаѓам, затоа што се’ во Дојран ме потсетуваше на неа. И ми требаа добри девет месеци да се осмелам да дојдам во Дојран“, почна да раскажува Џамбазов.

Уште еднаш призна дека искрено се вљубил, па Лазаров го праша зошто прекинала таа љубов за која толку многу навиваше и јавноста откако дозна за истата.

„Мислам дека разликата во годините си пресуди. Значи скоро 15 години разлика. Таа се’ уште имаше неостварени желби, јас немав неостварени желби. Единствената неостварена желба е да имам жена покрај себе која ќе ми родеше едно дете. Тоа ми беше мојата неостварена желба. Таа имаше повеќе неостварени желби, а јас не бев во ниту една од тие. Кога ќе сфатиш дека си на шестото место на листата, а таа секогаш била на првото место кај мене..“, изјави тој.

За крај на прашањето дали го разочарала, тој одговри: „На некој начин-да!“.

Ова е второ гостување на Игор кај Лазаров. Минатиот пат имаше потресно сведоштво за коцкањето и за заканите по живот со кои се соочувал. Во таа прилика спомна вкупна сума со камати од 50.000 евра која, како што вели, ја должел на три-четири места. Сето ова се случувало во времето кога со месеци јавноста не знаеше што се случува со него и ја пишуваше неговата автобиографија „Гол човек“. Детали од таа исповед ги имате ОВДЕ!

Пред осум месеци, за разделбата конечно се огласи и Илина Арсова и таа во интервју за „Слободен печат“ тогаш изјави дека Игор одбрал да не бидат во контакт.

„Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“, кажа Арсова во таа прилика.

Следни Објави

Синот на Брена ја покажа новата девојка: Јавноста добро ја познава

Синот на музичката ѕвезда Лепа Брена и бизнисменот Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, денеска на сите им ја покажа својата нова девојка. Станува збор за Софија Спасојевиќ, водителка на телевизија „Блиц“. Софија ја краси неверојатна убавина, а само на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 35 илјади луѓе. Таа долго време […]