fbpx

Тој одбра да не контактираме: Илина си ја отвори душата по разделбата со Џамбазов

„Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки“, вели таа

По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата.

Легендарниот актер и шоумен призна дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата.

„Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажа Џамбазов пред девет месеци за „Слободен печат“.

Сега за истиот медиум конечно се огласи и Илина. На прашањето за нивниот однос по разделбата, таа откри нешто неочекувано.

„Тоj одбра да не бидеме во контакт. Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“, вели Арсова за „Слободен печат“.

Следни Објави

По 4 години неплодност, Бог им подари четворка: Благица од Штип проговори за борбата за потомство

„Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено“, вели Благица Благица Зикова од Штип е жената која пред неполна недела на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. Таа со сопругот Александар во ноември […]