fbpx

Прерано почина македонската пејачка Тања, сопругот се прости со трогателни зборови

Почина македонската фолк-пејачка Тања Маџунков (33). Познатата интерпретаторка од Кавадарци ја загуби битката со тешката болест со која се бореше изминатиот период.

Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, музичарот Мики Тралала, со трогателна посвета на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, принцезо моја, пеј им сега на ангелите“, напиша тој.

Музичко-брачната двојка со децении настапуваше заедно, а беше позната и по својата хуманост, пишува „Фокус“.

Тања и Мики последните три години настапуваа без хонорар на забави на матуранти од социјално загрозени семејства во нивното Кавадарци. „Поделената радост е зголемена радост“, велеа тие.

Следни Објави

Жена во порше ја снимија на улица, сите се прашуваат дали е жива

Плавушата седи зад воланот на „порше“, а изгледа како да е замрзната, како воопшто да не се движи. Видеото стана вирално на социјалните мрежи На „Ток Ток“ е објавена снимка од атрактивна русокоса со очила за сонце како седи во автомобил и речиси воопшто не мрда. Оваа Американка им го […]