fbpx

Струмичани се простуваат: Почина омилената Маре, нејзината хуманост нема никогаш да ја заборавиме

Почина Маре Поп Зафирова, познатата хумана фризерка која со години им помагаше на другите.

На социјалните мрежи со трогателни посвети се простуваат од жената која на 52-годишна возраст ја загуби битката со тешката болест.

Маре ја познаваа сите во Струмица, бидејќи работеше како фризерка повеќе од три децении, а пред десеттина години беше меѓу првите во земјава која почна да прави бесплатни фризури на матурантки од социјално загрозени семејства, информира „Фокус“.

Токму за овој портал таа во една прилика раскажа како дошла до идејата да им ја разубави матурската забава на голем број на девојки од Струмица и околината.

Во тогашното интервју таа откри дека растела со самохрана мајка и двајца браќа и добро ѝ било познато чувството како е да немаш. Токму поради тоа, сакала да даде свој придонес, сите матуранти да се чувствуваат посебно за матурската забава, која е важен настан во нивниот живот.

Следни Објави

Почивај во мир Божји! Трагедија! Се простуваат од Иван, имаше само 20 години

Огромна тага Ненадејно почина Иван Бусато на 20-годишна возраст, информираат регионалните портали. Не е позната причината за смртта на младиот хрватски пливач кој беше и фудбалски судија. Тој лани го освои првото место на хрватскиот шампионат за сениори во дисциплината 1.500 метри слободно. Бусато беше член на пливачкиот клуб „Јадран“. […]