fbpx

Војник (25) почина на Криволак: Страшни детали за трагедијата

Професионален војник (25) почина на полигонот Криволак, за време на марш, откако му се слошило.

А.Ј. починал синоќа на КАРИЛ во Скопје.

Од Генералштабот информираат дека војникот бил еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили и бил во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. 

На самиот крај на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание, му се слошило во доцните попладневни часови, по 18:30 часот, по што паднал во бессознание.

„Веднаш со армиско болничко возило и во придружба на воен лекар бил однесен во најблиската здравствена установа, здравствениот дом во Неготино, по што по направените интервентни испитувања бил упатен со болничко возило кон КАРИЛ во Скопје. По пристигнувањето, од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“, објавија од Генералштабот.

Ќе биде извршена обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.

Следни Објави

Овие лица не смеат да јадат лубеница: Еве зошто може да биде погубна за здравјето

Лубениците содржат големо количество ликопен, хидратираат и помагаат во слабеењето. Во лето, на високи температури, нашето тело губи многу вода, а ова овошје е одличен начин за хидратација и освежување во текот на денот. Покрај сето тоа, вкусно е. Лубеницата има висока хранлива вредност, хранлива е и не дебелее, што […]