fbpx

Жена завела пензионер: Му рекла дека е докторка, со оваа финта му зела 11.000 евра

Се’ почнало кога креирала фејсбук-профил

Жена (42) е уапсена поради сомнение дека под лажно име завела пензионер (74), ветувајќи му романтична врска преку Фејсбук. Нејзината измама била неверојатна-се претставила како докторка и оттаму почнало се’..

Атрактивна Хрватка под лажно име отворила профил на Фејсбук, го контактирала пензионерот, па го довела во заблуда дека е докторка во здравствена установа која може да му помогне да си го подобри здравјето. Таа потоа му ветила романтична врска, па неколкупати се сретнале на различни локации во областа Запрешиќ.

Во август минатата година, пензионерот ѝ купил мобилен телефон од 1.740 евра, а неколку дена подоцна планирала да земе автомобил, па дошла во неговата куќа во Запрешиќ.

„Откако му дала пилула со непознат состав, ја искористила неговата зашеметена состојба и му побарала да запознае со непознат за него маж“, пишува во извештајот.

Оштетениот, во нејзина придружба се сретнал со непознато машко лице на паркингот во трговскиот центар каде потпишал договор за купопродажба на возило, при што за неговиот автомобил не добил никаков паричен надоместок.

Кон крајот на август му ја украла банкарската картичка, а потоа со неа купувала облека, технички средства и други работи во разни продавници. За да прикрие се’, неколку дена подоцна му ја дала картичката, лажно наведувајќи дека ја нашла во нејзиниот автомобил“, соопшти полицијата во саботата.

Материјалната штета изнесува околу 11.000 евра. Откако полицијата покренала истрага, жената побегнала од Хрватска, но деновиве се вратила и веднаш била уапсена.

Следни Објави

Првата операција ја имала на 15 години: Која е најследената Македонка на „Инстаграм“?

Драгана Спасовска е дефинитивно една од најследените Македонки на „Инстаграм“. Таа речиси една деценија живее во Дубаи каде, како што вели, го живее својот сон. Работи како модел и инфлуенсерка, неодамна се пофали дека подготвува и своја козметичка линија и не ги крие амбициите-да биде славна и богата како Ким […]