Последната информација од МВР е онаа за вчерашното приведување на пет лица кои се поврзуваат со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
Во интерес на истрагата, детали не се споредуваат.
„Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај“, изјави министерот Оливер Спасовски.
Медиумите објавија дека форензичката анализа на автомобилот се уште трае. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков начин со исчезнувањето на 14 годишната Вања. Собраните материјали и докази ќе бидат испратени во форензичка лабораторија за дополнителна анализа. Ова може да вклучува ДНК анализа, анализа на отпечатоци од прсти и хемиска анализа на течности и други материјали. Ако возилото е опремено со современи технологии како GPS, полицијата може да провери историјата на навигација за да утврди местоположбата на возилото во времето кога е исчезнато девојчето, пишува „Вечер прес“.
Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Во изминатиот период, на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнатото девојче од страна на Интерпол.