fbpx

Растела на нива, тврди дека нема ниту една естетска корекција: Искрено со Гавазова

Една од најпознатите македонски фолкерки, Сузана Гавазова, во нејзиното најново интервју искрено зборува за повеќе животни теми.

Пејачката која веќе цела деценија е во хармоничен брак со Јасмин Курузовиќ проговори за навиките на својот сопруг, но и за односто со ќерките Емили и Селена и како ги воспитува.

Гавазова тврди дека нема направено ниту една естетска корекција, но и дека нејзиниот фит изглед не е случаен.

„Подвижноста е неопходна за човекот во текот на целиот живот. Како дете бев многу активна. Исто така работев земјоделие и мислам дека тука е тајната за мојата кондиција и да изгледам така како што изгледам. А, тоа ми помага да го забавам процесот на стареење. Со здрава исхрана и со физички вежби и спорт до здраво тело и здрав дух, а со тоа се подмладувам“, раскажува таа за „Женски магазин“.

Во едно постаро интервју кое го даде веднаш по венчавката, Гавазова раскажа дека на некој начин си ја предвидела судбината.

„Во една емисија изјавив дека цел живот како да имам претчувство дека ќе се омажам на 33 години. Како да си ја предвидов судбината! Ете, така и се случи. Тоа отсекогаш ми изгледаше како вистинско време за формирање семејство за жена која се занимава со пеење, која има кариера“, кажа пејачката во таа прилика.

Со Јамин кој ја запроси веднаш откако почнаа да се забавуваат, се запозна во Шведска. Раскажа дека тој е Босанец кој 20 години живеел во Шведска, имал пекара и градежна фирма, но бил Балканец во душа и секогаш планирал еден ден да се врати на Балканот. Двојката сега живее во Струмица.

Следни Објави

Падна одлука, плус пари за македонските граѓани: Исплатата почнува в понеделник, а еве кога ќе се зголемат пензиите

Во понеделник, на први јули, ќе се изврши исплатата на пензиите за месец јуни. Редовна пензија ќе добијат над 330.000 граѓани, а овие лица наскоро ќе добијат и сериозно покачување, според најавите на новата влада. Согласно одлуката од вчерашната владина седница, во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите […]