fbpx

Ема процвета по разводот: Мајка на две деца ептен се разубави, никој не ја препознава

Ема се разведе по 18 години брак, се разубави и сега никој не може да ја препознае

Ема Шеферд има 44 години, две деца и живее во Велика Британија. Одлучи да се разведе по 18 години брак.

Се омажила на 22 години, но вели дека динамичниот живот на нејзиниот сопруг ја направил несреќна, што влијаело и на нејзиниот изглед. Се запуштила, воопшто не се грижела за себе.

Бракот почнал да пука и нејзиниот сопруг се отселил во 2021 година.

„Беше навистина лошо откако тој замина, навистина ме скрши. Се чувствував безвредно и имав панични напади. Немав доверба во себе и бев толку изолирана. Само живеев, работев за да ги платам сметките“, раскажува Ема за „Дејли меил“.

На крај, Ема одлучила комплетно да го промени своето секојдневие и максимално да се посвети на себе.

„Еден ден се разбудив и си помислив: Ти доаѓаш од семејство на силни жени, слободна си и можеш да си го промениш животот. Сфатив дека можам многу повеќе“, објаснува таа.

Се запишала во теретана, почнала да се грижи за исхраната, да јаде здрави оброци кои ги приготвувала дома. Ја променила гардеробата, почнала да се шминка.

„Сега сум многу среќна. Се чувствувам неверојатно, убавината навистина доаѓа одвнатре. Сега изгледам сосема поинаку“, вели Ема која направи неверојатна трансформација по разводот.

Признава дека конечно ѝ се вратила самодовербата. Се приклучила и на апликацијата за запознавање „Тиндер“. Почнала повторно да излегува бидејќи сега привлекува внимание кај мажите.

„Сега само се смеам. Луѓето велат дека изгледам неверојатно во споредба со времето кога бев во брак, а мислам дека тоа е затоа што сум среќна“, вели таа.

Следни Објави

Интерес за дечко-нула! Спенџарска проговори за Гркот, за ова досега молчеше

Јелена Спенџарска, заштитното лице на „Канал 5“, ужива во љубовта со Лукас, Гркот поради кој последнава година живее на релација Скопје-Солун. Во една од многуте емотивни објави на „Инстаграм“ вели дека никогаш претходно не била во вака здрава и функционална врска како оваа. „Едно време дури се прашував дали некогаш […]