Познатата македонска пејачка Сузана Гавазова е во хармоничен брак со Јасмин Курузовиќ, човекот со кој неодамна прослави десет години заедница и со кој ги има ќерките Емили и Селена.
Двојката која на почетокот живееше во Шведска каде што се родени и нивните деца, пред шест години се пресели во Струмица.
Во интервју кое го даде веднаш по венчавката, Гавазова раскажа дека на некој начин си ја предвидела судбината.
„Во една емисија изјавив дека цел живот како да имам претчувство дека ќе се омажам на 33 години. Како да си ја предвидов судбината! Ете, така и се случи. Тоа отсекогаш ми изгледаше како вистинско време за формирање семејство за жена која се занимава со пеење, која има кариера“, кажа пејачката во таа прилика.
Со Јамин кој ја запроси веднаш откако почнаа да се забавуваат, се запозна во Шведска. Раскажа дека тој е Босанец кој 20 години живеел во Шведска, имал пекара и градежна фирма, но бил Балканец во душа и секогаш планирал еден ден да се врати на Балканот.