fbpx

Го повикала лифтот, зачекорила и загинала

Клелија Дитано, 25-годишна девојка, завчера починала во раните утрински часови во станбена зграда во градот Фазано во јужна Италија, откако паднала во отворено окно кога вратата се отворила пред да пристигне лифтот.

Таа го притиснала копчето за да го повика лифтот, вратата се отворила и зачекорила, не забележувајќи дека лифтот се’ уште се наоѓал четири ката подолу.

Според италијанските медиуми, таа паднала на покривот од лифтот кој застанал на првиот кат и починала на лице место.

Таткото на Клелија го пронашол нејзиното тело откако ѝ се јавил на мобилниот телефон и слушнал како ѕвони во окното. Тој ги известил итните служби кои пристигнале на местото на настанот околу осум часот.

„Требаше да ги оствариш сите твои соништа, семејството што сакаше да го создадеш, да ја пронајдеш вистинската љубов“, напиша една нејзина пријателка на социјалните мрежи.

Во тек е истрага зошто вратата се отворила иако немало лифт.

„Претпоставуваме дека се работи за дефект на системот за заклучување. Вратата треба да се отвори само кога ќе пристигне лифтот“, изјавил назначениот истражител.

Следни Објави

Ја раскина свршувачката, а сега ќе стане татко: Се огласи македонскиот пејач

Адам Лабунски преку видеозапис сподели радосна вест на социјалните мрежи. Темпераментниот македонски пејач се пофали дека ќе стане татко. „Изненадување! Ни доаѓа бебе“, напиша тој под објавата. Лабунски се прослави во „Ѕвездите на Гранд“. Тој е еден од ретките изведувачи кој беше дисквалификуван од регионалното музичко натпреварување, како што образложија […]