Вирусот повторно мутираше
Д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствен дом „Д-р Милутин Ивковиќ“, денеска предупреди дека коронавирусот мутирал и дека уште еден симптом може да биде индикатор за болеста.
Тој за утринската програма на телевизија Прва изјави дека и стомачните тегоби можат да бидат сериозен аларм за Ковид-19.
„Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои во текот на јули, август и септември доаѓаа од летување, претежно од Црна Гора, имаа проблем со дигестивниот систем. Многу пациенти кои во последните десет дена кои се јавија на лекар со мачнини и дехидратација се покажа дека се позитивни на корона“, појаснува д-р Стојановиќ.
Тој апелира сите што ќе се посомневаат дека имаат стомачен вирус, да не чекаат два-три дена дома истиот да им помине, туку веднаш да се јават во ковид-одделенијата.
Д-р Стојановиќ, исто така, нагласи, дека дури 90 отсто од овие луѓе кои биле позитивни на вирусот се невакцинирани граѓани.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО