fbpx

Не ги игнорирајте симптомите! Овој канцер е најсмртоносен за жените

Дури 140.000 жени годишно ја губат битката со рак на јајници, дефинитивно најсмртоносниот канцер за жените. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и уринарниот тракт.

Редовните гинеколошки прегледи се единствената работа којашто мора да ја практикувате за да се заштитите. Најчесто заболуваат постари жени, иако болеста е сѐ поприсутна и кај помладата популација.

СИМПТОМИ

– Надуеност, потекување на стомакот, нагло здебелување

– Болка во предниот дел на карлицата и чувство на притисок во стомакот

– Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк

– Често и нагло мокрење

– Болка за време на сексуалниот однос

– Запек

Навременото откривање на ракот на јајници е проблем со кој се соочуваат експерти низ целиот свет. За оваа болест не постои адекватен скрининг.

ФАКТИ

– Сите жени се загрозени!

– Симптомите постојат, но може да се измешаат со симптоми кои ги носат други, помалку опасни болести

– Свеста за симптомите на болеста може да ви го спаси животот

– Денеска е можно генетско тестирање на BRCAm мутираните гени на ракот на јајници. Важно е да се знае BRCAm статусот на жената!

– Ракот на јајници најчесто се дигајностицира во доцна фаза

Следни Објави

Жена му го остави да умре како пес: Додека се распаѓаше, таа го тепаше и изневеруваше

Патрик Свејзи почина на 14 септември 2009 година на 57-годишна возраст од рак на панкреасот и зад себе остави милиони фанови со скршено срце. Неговата животна приказна е полна со шокантни детали, а неговите последни денови биле како хорор филм Борбата на холивудскиот заводник со ракот на панкреасот започна кон […]