fbpx

Добро погледнете ги ноктите: Ако ја видите оваа промена, веднаш на лекар

Изгледот на ноктите може да биде показател на сериозно здравствено нарушување. Лошата исхрана, неухранетоста или некои болести на дигестивниот тракт може да бидат причина за промена на ноктите. Ако се здрави, најчесто се мазни, без никакви испакнатини, не се лупат, не пукаат, немаат никакви чудни промени.

Промената на бојата, обликот и текстурата на ноктите не е секогаш причина за загриженост, но д-р Рос Пери, експерт за маникир и педикир, предупредува дека појавата на вертикални бразди на плочката на ноктите може да биде аларм дека треба да го посетите вашиот лекар.

Овој доктор предупредува дека браздите на ноктите може да укажуваат на недостаток на витамини, или дехидрација.

„Недостатокот на витамин А, железо, протеини или калциум може да предизвика бразди на ноктите. Доколку се навистина длабоки, може да укажуваат на посериозни состојби како што се бубрежни заболувања и дијабетес. Во тој случај потребно е да се направи преглед за да се утврди причината“, предупредува д-р Рос.

Тој, исто така, открива дека и повредите на ноктите може да предизвикаат бразди или дефекти на нивната површина.

„Проблемите со ноктите обично не се предизвикани од нешто сериозно, најчесто тие стануваат лесно кршливи“, дополнува д-р Рос.

Овој доктор советува дека треба особено да се грижиме за кожата околу ноктите.

„Ако истата е црвена, отечена и „топла“, тоа може да укажува на инфекција или на враснат нокт. Во тој случај би било добро да одите на педикир“, заклучува познатиот доктор.

Следни Објави

Дали сте, бре, нормални? Д-р Даниловски удри по Комисијата за заразни болести

Во последниот напис на „Слободен печат“ читам и не си верувам на своите очи: „На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против КОВИД-19 Паксловид ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи“. „Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно […]