На еден од најпознатите јасновидци на сите времиња, Французинот Мишел де Нострадамус, му се припишува дека за оваа година предвидел голем конфликт.
Интересно е што францускиот пророк кој досега точно ги погоди најважните случувања во модерната историја, зборувал за „закана од истокот“ и споменувал војна во Европа во 2022 година, но не секогаш е лесно да се одредат точните датуми во неговите записи.
Нострадамус кој својата книга „Предвидувања“ ја објавил во 1555 година, очекувано најмногу се фокусирал на неговата земја. Така темите кои најчесто ги акцентирал биле инвазијата врз Франција и споменатата закана од истокот.
Сепак, некои шпекулираат дека реченицата „Плавоглавите ќе им нанесат штета на белоглавите до тој степен колку што Франција ќе биде добра со двете страни“ се однесува токму на оваа пролет.
Како и со сите негови предвидувања и ова е прилично нејасно, но изминативе години е користено како најава за Трета светска војна. Се разбира, и заканите од истокот не е многу тешко да се „вклопат“, затоа што всушност тоа е став кој земјите од Западна Европа го имаат кон Русија.
Сепак, пред екслација на кризата во Украина, имаше толкувања дека оваа реченица на Нострадамус се однесува на актуелната тензија помеѓу Кина и Тајван, што исто така може да значи „закана од истокот“.
Инаку, некои од најголемите предвидувања кои му се припишуваат на овој извикан астролог, а кои се оствариле, се големиот пожар во Лондон, доаѓањето на Хитлер на власт и убиството на Џон Кенеди.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.