На „Твитер“ се споделуваат вознемирувачки видеа од авионот „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Чајна Истерн“ со 132 патника и членови на екипажот кој се урна во јужната кинеска провинција Гуангси.
Авионот патувал од Кунминг до индустрискиот центар Гунагси, информира кинеската Управа за цивилно воздухопловство. Бројот на жртви се’ уште не е познат.
Кинеските медиуми јавија дека авионот паднал во планинска област, што предизвикало и шумски пожар. Спасувачите се на терен.
Фото: Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО