fbpx

Млад инфлуенсер почина во живо на „Тик Ток“: Причината е бизарна (ФОТО)

Инфлуенсерот познат како Санкианге (34) почина откако испи повеќе од четири шишиња кинеска вотка за време на директен пренос на кинеската верзија на „Тик Ток“.

Во видеото, инфлуенсерот пие шише по шише без престан, а подоцна истиот ден е пронајден мртов на масата кај неговиот пријател, јавуваат светските медиуми.

Неговото „пијанчење“ го следеле стотина луѓе во онлајн разговор, а инфлуенсерот почнал да го пренесува потфатот во живо откако добил идеја за онлајн натпревари во кои учесниците се обидуваат да се надминат едни со други во пиење бајиу (кинеска вотка).

Неговиот пријател е скршен од болка и не може да си прости што го поддржал својот другар во правењето глупости.

„Многу е тажно што умре сам“, заклучил неговиот пријател.

Смртта на 34-годишниот инфлуенсер уште еднаш ја отвори дебатата што ги тера корисниците на интернет да уживаат во вакви бизарни предизвици кои се’ почесто завршуваат фатално.

Следни Објави

Три хороскопски знаци кои кога-тогаш ќе се збогатат!

Астролозиоте се едногласни по ова прашање, проверете дали сте на оваа значајна листа Неважно дали се работи за неочекувано наследство или за вроден инстинкт да се препознае профитабилен проект, на овие хорскопски знаци им е судено да имаат пари. СТРЕЛЕЦ Стрелецот, особено ако и неговиот владеачки Јупитер се наоѓа во […]