Тој на „Фејсбук“ им посака среќа на годинашните матуранти
Иако одамна не носи бркови и нема долга коса, многумина сметаат дека не се променил премногу.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави фотографија од својата матура.
Сликата стана вирална на социјалните мрежи. Едни се шегуваат со неговиот изглед, а други нагласуваат дека отсекогаш бил фраер.
Орбан со оваа објава им посака многу среќа во понатамошниот живот на сите тинејџери во неговата земја кои го слават полнолетството.
За блискиот однос на шефот на унгарската влада со поранешниот македонски премиер Никола Груевски медиумите досега пишувале во повеќе наврати. „Малиот диктатор под закрилата на големиот автократ“ е еден од повпечатливите наслови за нивниот однос.
Ј.П.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.