На 57-годишна возраст почина познатиот скопски шоумен, пејач и угостител Сашо Пижевски-Пиже.
Тажната вест ја потврди и неговиот долгогодишен пријател и соработник Игор Џамбазов.
„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: „Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив“. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате..“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“.
Пиже со сега веќе покојниот Горан Атанасов-Зеко и со Игор Џамбазов го сочинуваа триото „Хавана Бенд“, составот кој во златните денови за македонската естрада се прослави по хитовите „Шток ми бејби“ и „Дај ми, жити се“.
Фото: Инстаграм
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО